Read Anywhere and on Any Device!

Subscribe to Read | $0.00

Join today and start reading your favorite books for Free!

Read Anywhere and on Any Device!

  • Download on iOS
  • Download on Android
  • Download on iOS

Живко Грозданоски

3.9/5 ( ratings)
Born
November 09 1986
Живко Грозданоски е роден на 10 ноември 1986 во Кичево. Прво до четврто образование завршува во Бигор Доленци, а петто до осмо во Кичево. Средно училиште запишува во Скопје, во 2001 година, во Американската гимназија „Нова“, како стипендист. Во 2005, во издание на „Нова“ ја објавува збирката поезија „Песок и свила“. Се запишува на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата по Романски јазици и книжевности, отсек италијански јазик – преведувачка насока.

Завршува факултет во 2009 година, а истата година во издание на „Темплум“ од печат излегува книгата „Отпечатоци врз коцки мраз“, збирка кратка-кратка медитативна проза. Во 2011 година ја објавува збирката раскази „Приказни за тревите и други приказни“ во едицијата „Дамар“ во „Антолог“. Од италијански има преведено неколку книги: „Next – малечка книга за глобализацијата и за светот што доаѓа“, есеј од Алесандро Барико , „Сенилност“, роман од Итало Звево , „Коски од сепија“, поезија од Еуџенио Монтале , и „Кал“, збирка новели/раскази од Николо Аманити .

Има искуство со аматерски театар и со филм (во 2006 во Косовска Митровица има изработено краток документарец со наслов “In cage”, кој следната 2007 година е прикажан на филмскиот фестивал во Кан. Моментално ја подготвува магистерската теза на пост-дипломските културолошки студии при Институтот за македонска литература во Скопје.

Books from Живко Грозданоски

loader