Read Anywhere and on Any Device!

Subscribe to Read | $0.00

Join today and start reading your favorite books for Free!

Read Anywhere and on Any Device!

  • Download on iOS
  • Download on Android
  • Download on iOS

Влада Урошевиќ

4.3/5 ( ratings)
Born
October 16 1934
Влада Урошевиќ е македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач.

Роден е во Скопје во 1934 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961година. Исто така, тој е член на МАНУ, како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург и член на Македонскиот ПЕН центар.

Добитник е на повеќе награди и признанија: „Младост“, „Нолит“, „Рациново признание“, „Браќа Миладиновци“ , „Григор Прличев“ , „Стале Попов“ , „Книжевен жезол“ и други. За својот книжевен опус, како и за своите заслуги во преведувањето и афирмирањето на франсуската литература, прогласен е од Владата на Франција прво за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред.

Влада Урошевиќ има објавено преку триесет авторски книги, преку четириесет преводи, а застапен е и во многубројни домашни и странски антологии. Неговите книги се преведени на англиски, француски, шпански, германски, дански, полски, словенчки, бугарски, српски и други јазици. Еве дел од неговиот творечки опус:

Еден друг град
Невиделица
Вкусот на праските
Манекен во пејзажот
Летен дожд
Знаци
Врсници
Ноќниот пајтон
Ѕвездена терезија
Нуркачко ѕвоно
Сонувачот и празнината
Мрежа за неуловливото
Лов на еднорози
Компасот на сонот
Нишката на Аријадна
Хипнополис
Подземна палата
Демони и галаксии
Панична планета
Алдебаран
Митската оска на светот
Ризиците на занаетот
Мојата роднина Емилија
Паники
Дворскиот поет во апарат за летање
Париски приказни
Астролаб
Дива лига
Мане, текел, фарес
Невестата на змејот
Седмата страна на коцката
Размена на пораки
Тајна мисија
Тајно злато
Маџун

Books from Влада Урошевиќ

loader