Автобиографијата на Чарлс Дарвин првпат е издадена во 1887 година, пет години по неговата смрт. Станува збор за едно прочистено издание: семејството на Дарвин, во обид да го сочува неговиот углед по смртта, ги избришало сите пасуси што им се чинеле премногу лични или контроверзни. Тековново, целосно издание не се појавува во јавност до 1959 година, цели сто години по издавањето на Потеклото на видовите.
Во овој непосреден и интимен преглед на неговиот живот се разоткриваат неговиот смел и немирен ум и интегритетот и едноставноста на Дарвиновиот карактер- неговото семејство, образованието, истражувањата на природниот свет, религиските убедувања и филозофијата. Изданието содржи и листа на поважните оригинални, претходно отфрлени пасуси, како и претходно неиздадени белешки за религијата од госпоѓа Дарвин.